Виера: Подготвен сум да го водам Арсенал

од Vladimir Zorba

Поранешниот капитен на Арсенал, Патрик Виера ги коментираше гласините што го поврзуваат со позицијата менаџер на „топџиите“.

Францускиот играч од средниот ред во моментов работи како тренер во Фудбалската лига на САД, но најави дека нема да одбие покана од Арсенал.

„Подготвен сум да станам менаџер на Арсенал, но не сакам ова да биде сфатено како подготвеност да го напуштам мојот актуелен тим во секој момент. Поминав 9 години во Арсенал и ќе биде голема чест да се вратам“, коментираше Виера.

Слични содржини