Директорот на авиокомпанијата „Џермангвингс“ Томас Винкелман изјави дека авионот „Ербас“ одредено време губел висина пред да се урни во француските Алпи, при што најверојатно загинале сите 150 луѓе, од кои 144 патници и шест членови на екипажот.

a9fd2a8e-edd2-4620-b94d-60b28d63d4b7-620x372

Тој посочи дека авионот почнал да губи висина откако полетал од аеродормор во Барселона. Падот траел осум минути, а исчезнал од радарите во 10 часот и 53 минути.

Винкелман наведе дека пилотот на авионот имал 10-годишно искуство. Авионот „Ербас А320“ бил произведен во 1991 година и имал 46.700 летови и вкупно 58.300 часа лет.

Според „Џермангвингс“ на листата на патници имало и две бебиња. Локалните медиуми известија и дека меѓу патниците имало 16 ученици кои биле на екскурзија. Во авионот 67 од патниците се Германци, додека 39 се Турци.

Слични содржини