Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 23 сообраќајни незгоди од кои 10 се со последица материјална штета. Во 20 сообраќајки со полесни телесни повреди се здобиле вкупно 18 лица, додека во три сообраќајни несреќи со тешки телесни повреди се здобиле  четири лица.soobrakjaka-610x400

Сообраќајната полиција во петокот извршила увид на 10 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак возач на патничко моторно возило и еден сопатник на мопед, а со телесни повреди три лица.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски од СВР – Скопје, во саботата извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди, од кои две се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четири лица.

Вчера е извршен увид на вкупно седум сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле четири лица.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда, во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак и еден патник во автобус. Случена е и една железничка незгода во која со телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возила и еден сопатник.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број прекршоци. Санкционирани се 78 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 22 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, осум возачи поминале на црвено светло на семафор, пет возачи сториле прекршоци по разни основи и 44 возачи кои за време на управување на моторните возила не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Санкционирани се и 16 лица кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не носеле заштитен шлем.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие три дена отстранети се 117 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Слични содржини