Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 28 сообраќајни незгоди, во кои полесно се повредени 27 лица, додека две се здобиле со тешка телесна повреда. soob-520x293

Сообраќајната полиција во петокот изврши увид на 10 сообраќајни незгоди од кои три се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле девет лица.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на мотоцикл, а со телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.

Вчера е извршен увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета и седум се со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле 11 лица.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на мотоцикл.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 105 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 31 возач го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај и двајца возачи поминале на црвено светло на семафор.

Затекнати се и пет возачи кои не ги почитувале правилата за првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и 11 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие три дена отстранети се 123 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишни установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Фидани“, матичен објект која се наоѓа на подрачјето на општина Чаир.

Слични содржини