Сообраќајната полиција изминатите три дена на подрачјето на Скопје извршила увид на 25 сообраќајни незгоди.

Во петокот сообраќајната полиција извршила увид на 10 сообраќајни незгоди, од кои девет се со последица материјална штета. Во една сообраќајка  со полесни повреди се здобило едно лице.

Сообраќајната полиција во саботата извршила увид на осум сообраќајни незгоди, од кои седум се со последица материјална штета, а во една со полесни повреди се здобило едно лице.

Вчера извршен е увид на седум сообраќајни незгоди. Од нив три се со причинета материјална штета, исто толку се со телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле седум лица. Се случила и една сообраќајка, во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице.

Во текот на изминатите три дена 98 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, а 14 возачи се исклучени од сообраќај поради тоа што ги управувале своите возила под дејство на алкохол. Пет возачи поминале на црвено светло на семафорите, односно не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, а 44 возачи ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола. Девет возачи за време на управување на возилата во сообраќај не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 66 возила.

Сообраќајната полиција информира дека денеска нивните активности ќе бидат во насока на откривање и санкционирање прекршоци кои најчесто се манифестираат во зона на крстосница, а во попладневните и вечерните часови ќе преземат зајакнати мерки по прекршокот брзо возење. Контролите ќе бидат спроведени на булеварите „Партизански одреди“, „Борис Трајковски“, „Илинден“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улицата „Ѓорче Петров“…

Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, сообраќајната полиција најави дека ќе преземаат соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот

Слични содржини