Струга и Охрид викендов нема слободни места. Двата најголеми туристички центри се преполни со туристи не само од земјава и странство. На плажите се бара место повеќе.

ohrid-guzhva

Топлото време и августовскиот продолжен, празничен викенд го преполнија овој туристички регион, особено Охрид , кој се претвори во тешко прооден град. Нема сомнеж дека ова ќе биде самиот шпиц на главната туристичка сезона, за која од локалната самоуправа велат дека ќе биде една од најуспешните воопшто.

Претпладне се создава метеж и редици со долги колони возила во правец на плажите. Попладне е обратно. Навечер се чека за место во кафулињата и во рестораните, а луѓето со тешкотии се разминуваат по шеталиштето на кејот.

Во Охрид, никој официјално не може да го каже точниот број на гости и на посетители, меѓутоа, во секој случај, тој е поголем од 30.000 луѓе. Сите капацитети се исполнети. Во централното градско подрачје, особено во првата крајезерска линија никој веќе не издава легло за помалку од 10 евра за едно лице.

Зголемената посетеност е резултат и не неколкуте концерти на познати музички звезди како и настапот на диџеи од земјава и странство. Угостителите се задоволни од посетеноста, а гостите од убавото време и топлата вода во езерото која изнесува 26 степени. По викендот се очекува притисокот да опадне.

Угостителите во Струга очекуваат цел август да биде полн со туристи.

– Факт е дека градот овој викенд е полн со туристи. Хотелските капацитети се преполни. Струга нуди ефтини цени и можеби тоа делува што овој викенд е преполна со луѓе. Нудиме чисти плажи и добра понуда -вели Јетон Селими-угостител од Струга

Градските власти во Охрид очекуваат најдобра туристичка сезона во последните десет години.

– Во овој момент Охрид е преполн со гости. Сите сместувачки капацитети се скоро целосно исполнети. Според прогонозите на хидрометоролозите нè очекува топол август сметам дека бројот на домашни гости рапидно ќе расте и тоа ќе придонесе да имаме една слика на преполн град – вели градоначалникот на Охрид Никола Бакрачевски.

Од Охрид до плажите каде е и најголемата гужва се патува и по два часа, а најголемиот автобуски превозник во Охрид, „Галеб“ воведе седум дополнителни линии од и кон Скопје. Во Охрид викендов се одржуваат и неколку спортски манифестации како што е Илинденскиот пливачки маратон и меѓународната едриличарска регата која само ја збогатува туристичката понудата.

Слични содржини