Викиликс објави документ од САД: Груевски се согласи да го смени името во 2008 година

од desk4

Во 2008 година, кога во Република Македонија владее премиерот Никола Груевски, властите во Скопје се согласуваат земјата да го смени името на – Република Северна Македонија и на тој начин да се стави крај на спорот за името. Ова стана јасно од официјалниот документ на Амбасадата на САД во Скопје, кој беше објавен од страна на Викиликс, објавија медиумите во регионот.

 

Тајниот документ, насловен како “Што треба да направат Македонците за решавање на спорот за името”, го носи датумот на 29 јули 2008 година. Тајниот извештај бил  потпишан лично од тогашниот американски амбасадор во Република Македонија, Џулијан Миловановиќ.

Во првиот дел од извештајот е јасно дека Миловановиќ дошла  до овие заклучоци по разговорите со тогашниот претседател Бранко Црвенковски и со премиерот Никола Груевски.

“Американската амбасада во Скопје смета дека македонската влада е подготвена, со цел отворање на патот за членство во НАТО и ЕУ, да го прифати името Република Северна Македонија и тоа да се користи во сите меѓународни организации”, пишува амбасадорот на Вашингтон во јули 2008 година.

Миловановиќ појаснува дека треба да се користи терминот македонски за јазикот, но тоа треба да се направи преку дополнително договор или некаков анекс за внатрешна употреба во ОН, кој би требало да биде одобрен и од грчката страна, соопштува весникот “Катимерини”.

Други грки медиуми пак го објавуваат големото незадоволство на опозиционерот Мицотакис кој   ја обвинува владата на Ципрас  дека ги задоволила барањата на Скопје, им го дала македонскиот идентитет на Скопјани и извршила предавство на грчките интереси.  За опозицијата на Ципрас скопјани добиле се, си го задржале идентитеот  и името Македонија, поради што Ципрас  до договорот од Преспа треба да си поднесе оставка.

Потсетуваме  дека на 17 јуни грчкиот министер за надворешни работи, Никос Козијас  и неговиот македонски колега Никола Димитров потпишаа договорот за новото име на Македонија во присуство на премиерите на двете држави Алексис Ципрас и Зоран Заев на брегот на Преспанското. Скопските власти прифатија промена на името против укинувањето на грчката блокада за членство во ЕУ и во НАТО. Република Македонија веќе има добиено покана за пристап во НАТО  и датум за почеток на претпристапните разговори за членство во ЕУ.

Референдум за овој Договор ќе се одржи во Македонија на 30-ти септември. Партијата на Никола Груевски ВМРО-ДПМНЕ е меѓу противниците на овој Договор, иако овој документ во ВИКИЛИКС домунетот докажува дека тие исто така прифатиле вакво име,  и во тоа време за Груевски и ВМРО ДПМНЕ не било никакво предавтсво и губење на македонскиот идентите. Можеби и тука е одговорот зошто ВМРО ДПМНЕ сега се без став односно има раскол во партијата во кој, реформистите повикуваат на поддршка за референдумот, а Мицковски го крие ставот обидувајќи се да ќари поени кај своето членство и ја зајакне лидеркста позиција кај старото тврдо вмровско крило во партијата.

Сепак, и тој и ВМРО ДПМНЕ јавно  не повикуваат на бојкот, па до  10 септември, се очекува официјалниот став на партијата   за претстојниот референдум.

Слични содржини