Агенцијата за национална безбедност на САД (АНС) ja шпионирала не само на германската канцеларка Ангела Меркел, но и бројни високи членови на Владата, министрите за економија и финансии, соопштија германските медиуми во средата, пренесе “Ројтерс”.

download

Скандалот со шпионажата се усложнува и од тврдењата дека германскoto надворешно разузнавање BND i помагала на АНС да следи другите европски цели.

Вeсникот “Зидојче цајтунг” и телевизија А Ер Де соопштија повикувајќи се на документи на организацијата “Викиликс” дека АНС прислушувала 69 телефони на членови на германската влада.

Меѓу нив е министерот за економија и заменик-канцелар Зигмар Габриел.

Во документите се тврди дека британското разузнавање исто учествувало во некои од операциите. “Зидојче цајтунг”, кој имал пристап до документите, објави на својата интернет страница дека изгледа листата со прислушувани лица бил за периодот 2010 г – 2012

Пред две години беше соопштено дека телефонот на Ангела Меркел бил прислушуван од АНС и тоа доведе до дипломатски тензии меѓу Берлин и Вашингтон, потсетува Асошиејтед прес. Неодамна германските обвинители ја запреа истрагата за случајот, повикувајќи се на недостаток на конкретни докази.

На крајот на јуни се појави “Викиликс” објави документи, според кои САД ги прислушувале последните тројца претседатели на Франција, како и членови на кабинетот и бизнис лидери.

Слични содржини