Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека им наредил на министрите за внатрешни работи и за одбрана да започнат да подготвуваат ограда по границата со Романија, за да им попречат на мигрантите да влезат.

download (1)

Минатата година Унгарија изгради ограда по границите со Србија и со Хрватска, за да го отстрани мигрантскиот прилив.

Орбан уште изјави дека вината за европската миграциска криза треба да се бара во бирократите на ЕУ и германската култура на гостопримство кон бегалците.

Премиерот го критикува и планот на Унијата за прераспределба на над 100.000 мигранти меѓу 28-те земји членки, како што рече Брисел се стреми да создаде „задолжителен, траен и продолжителен систем за прераспределба“ на мигрантите.

Слични содржини