Викторија Бекам доби кралски орден и го разбесне светот

од Vladimir Zorba

На Викторија Бекам ѝ беше доделена награда поради која доби само критики.

Викторија Бекам, некогашната членка на Спајс Грлс, денес успешна модна дизајнерка , доби орден на Велика Британија „за служба во модната индустрија“.

Орденот ѝ го врачи принцот Вилијам во Бакингемската палата, а на таа свеченост дојде со сопругот Дејвид и родителите.

Додека тие сигурно биле горди на Викторија , остатокот од светот не бил така импресиониран.

Поточно, мнозинството било многу изнервирано што добила така важно признание , само поради тоа што има свој моден бренд.

„Придонес кон модата?!Тоа мора да е некоја шега…“, е еден од коментарите, додека еден корисник на Твитер истакнал дека неговиот татко како лекар спасил безброј животи , а за тоа не добил ни „благодарам“.

С.В.

 

Слични содржини