Викторија Бекам ќе пишува “модна библија“

од Vladimir Zorba

Викторија Бекам има намера да ја одбележи 10-годишнината од модната империја преку книга, која ќе биде како “библија” за секој од и надвор од индустријата. Според гласините идејата на Бекам во моментов добива огромна поддршка од легендарната главна уредничка на американскиот “Вог” и моден гуру – Ана Винтур. Таа била и иницијатор на проектот.

“Ана виде можност и ја натера да го стори тоа, нудејќи ja нејзината помош”, изјави извор за списанието “Хит”. Според него токму Винтур ја потсетила Викторија за претстојниот нејзин јубилеј и ја охрабри да го одбележи со издавање четиво што ќе вклучува детали за целиот нејзин живот во модната индустрија, грешките и лекциите кои ги научила досега.

“Ана се зближи многу со Викторија низ годините и стана нешто како нејзин ментор. Таа беше сведок на тоа колку упорно мораше да работи Викторија, за да биде примена во индустријата и верува дека токму таа е моторната сила во модата денес”, откри уште анонимен извор за весникот.

Слични содржини