Викторија Бекам западнала во сериозни долгови

од Vladimir Zorba

Поранешната британска пејачка, а моментално дизајнер Викторија Бекам изгледа има сериозни проблеми во бизнисот. Гласините велат дека таа не само што не добива профит од својот бренд облека, но е и во долг. Се вели дека модната куќа Victoria Beckham има собрано 4,6 милиони фунти долгови (над $ 6 милиони).

За тоа дека бизнисот на Бекам е на пат да исчезне, се зборуваше по појавата на официјални предупредувања дека фирмата ќе ѝ биде затворена поради неподнесување на даночни пријави.

Во 2015 година Бекам имаше над $ 45 милиони профит. Сега, сепак, сопругата на Дејвид Бекам одбива да коментира евентуални финансиски проблеми во модниот бизнис. Викторија создаде сопствен моден бренд уште во 2008 година.

Слични содржини