Победите на поранешните шампионки на Вимблдон, Серена Вилијамс и Марија Шарапова, како и поразот на седмата носителка Ана Ивановиќ го одбележаа третиот ден на Грен слемот во Лондон.

новак г

Вилијамс беше поуспешна во два сета против Тимеа Бабош, Шарапова ја совлада Хогенкамп исто така во два сета, додека Ивановиќ со 2-0 загуби од Матек-Сендс која е рангирана на 158.место на ВТА листата.

Од фаворитките за трофејот денеска ќе настапат Петра Квитова, Каролине Вознијачки и Екатерина Макарова.

Во машка конкуренција првиот и четвртиот фаворит Новак Ѓоковиќ и Стен Вавринка во три сета ја минаа втората рунда. Трето коло обезбедија и Ришар Гаске, Бернард Томиќ, Григор Димитров, Џон Изнер, Ник Кириос. Четири сета за пласман во третото коло одигра Милош Раониќ, додека во пет сета до третото коло стигнаа Марин Чилиќ и Фернандо Вердаско/МИА

Слични содржини