Вињетите заминуваат во историјата, вака ќе се наплаќа во цела Европа

од desk2

Директорот на хрватски автопати Борис Хузјан изјави дека на ниво на цела Европска унија се подготвува промена на наплатниот систем за користење автопати.

„Во контекст на развој на модел за наплата на патарина за сите видови возила, важно е даксе каже дека со предлогот на новата директива на Европскиот парламент планираное во скора иднина плаќањето патарина да се овозможи според моделот на поминати делници на автопатот, а не наплата за одреден период на користење“, вели Хузјан.

Таков систем веќе постои во Хрватска.

„Ресорното министерство во рамки на своите реформи кои ги спроведуваме распиша јавен повик за искажување интерес за изработка на студија за развој на електронски систем за наплата на патарина во Хрватска“, вели тој.

Намерата е да се унапреди постоечкиот систем за наплата на патарина, а студијата ќе се покаже кој облик на електронски ситем на наплата е најпогоден за автопатите, користејќи ги најновите технологии.

Слични содржини