„ВИП Комбо бокс“, нов пакет на оне.Вип

од Vladimir Zorba

Операторот оне.Вип од денеска на своите клиенти им нуди нов пакет „ВИП Комбо бокс“ со кој корисниците го добиваат  најдоброто решение за брз интернет, фиксна телефонија и телевизија. Според директорот Димитар Ковачевски, со овој пакет граѓаните ќе имаат супер брз интернет дури и на најоддалечените места, каде претходно било невозможно да се добие интернет комуникација. Корисниците ќе може да добијат три вида на пакети, со две, три иили четири услуги и да уживаат во неограничен интернет, разговори како и да гледаат до 50 канали на нивните телевизиски приемници.

„Вип комбо бокс е совршен за сите корисници кои сакаат брз интернет и фиксна телефонија за својот дом и за сите оние кои летните денови ги поминуваат во своите викендички, дури и за оние кои имаат потреба од брз интернет на своето работно место. Со ВИП комбо бокс интернетот е достапен не само во урбаните, тукуи во руралните средини, а едноставниот начин на приклучување и користење го прави овој производ уште поатрактивен“, рече Димитар Ковачевски – директор на ВИП.

Слични содржини