Висар Адеми: Без СЈО ДУИ ќе амнестира претставници на ВМРО-ДПМНЕ

од desk2

Дел од аналитичарите сметаат дека доколку Специјалното обвинителство биде тргнато од условите на ДУИ, тогаш ова ќе биде обид на партијата на Ахмети да ги амнестира претставниците на ВМРО – ДПМНЕ кои беа вмешани во корупциски афери, информира Алсат М.

Аналитичарот Висар Адеми вели дека ДУИ се соочува со внатрепартиска „војна“ бидејќи претставниците на оваа партија имаат поделени мислења околу тоа дали треба да се коалицира во ВМРО ДПМНЕ или со СДСМ.

„Во фокусот на ДУИ никогаш не била Албанската платформа и сега се обидуваат да го амнестираат ВМРО ДПМНЕ од сите одговорности. Во ДУИ има внатрепартиска војна. Дел од раководството, оние кои донесуваат одлуки и кои се имплицирани во злосторства и корупциски афери се „ЗА“ опцијата со ВМРО ДПМНЕ, додека другиот дел, да речеме поискрениот или попрогресивниот, имаат други планови и мислат дека треба да соработуваат со СДСМ. Само со СДСМ им се гарантирани оние точки од Платформата, вклучувајќи и универзалните вредности како што е Извештајот на Прибе, продолжувањето на мандатот на СЈО и унапредување на економската, културната или политичката состојба на Албанците. Со отфрлување на овие точки и со инсистирање само на албанскиот јазик, мислам дека се дава алиби за да се оди со ВМРО ДПМНЕ“, смета Адеми./извор Алсат М

Слични содржини