Вистинска драма на филмскиот фестивал: Харви Вајнстин ме силуваше во Кан

од desk2

Годинашното издание на Канскиот филмски фестивал заврши со вистинска животна драма што ги засени добитниците на највисоките награди.

Италијанската актерка Азија Арџенто одржа моќен говор што ги занеми присутните и ги соочи со суровата реалност што резултираше со движењето #MeToo.

„Во 1997 година Харви Вајнстин ме силуваше во Кан“, рече актерката прд да ја додели наградата за најдобра актерка.

„Имав 21 година. Овој фестивал беше неговото ловиште. Сакам да предвидам нешто: Харви Вајнстин никогаш веќе нема да биде добредојден тука. Ќе живее во срам, отфрлен од филмската заедница што порано го прифаќаше и ги прикриваше неговите злодела.“

Потресниот говор на Арџенто ја потсети филмската јавност на гламурозниот настан дека движењето за заштита на жените во филмската индустрија не е згаснато и дека злоставуваните жени ќе се изборат за својата правда.

71. издание на Канскиот филмски фестивал заврши вчера со доделување на наградите.

Јапонската драма „Shoplifters“ на режисерот Хироказу Коре-Еда освои Златна палма, а филмот „Blackkklansman“ на американскиот режисер Спајк Ли ја доби Гранд При наградата, додека наградата од жирито ја освои филмот „Capharnaüm“ на либанската режисерка Надин Лабаки.

Наградата за најдобра режија ја доби полскиот режисер Павел Павлинковски за остварувањето „Студена војна“.

Претседателка на овогодишното жири за доделување на Златната палма беше австралиската актерка Кејт Бланшет.

Слични содржини