Вкупно 1 милијарда часови видео содржини се гледаат дневно Јутјуб

од Vladimir Zorba

Во понеделникот Youtube се пофали со уште едно достигнување. Според последната статистика на интернет сообраќајот, изготвен од “Гугл” секој ден на страницата се прегледуваат клипови за вкупно 1 милијарда часа. Фактите кои докажуваат дека платформата за видео споделување ја надминала за неколку пати популарноста дури на социјалната мрежа “Фејсбук” и на видео стриминг услугата “Нетфликс”.

Според податоците сајтот на Цукерберг забележува  само 100 милиони часа гледање видео дневно, а “Нетфликс” – 116 милиони. Нешто повеќе – гледаноста на YouTube во светот се покажува поголема дури и од онаа на сите американски телевизии, земени заедно. Таа е зголемена двојно во споредба дури и со претходната година – тогаш таа изнесувала вкупно 500 милиони часа прегледани видео содржини на ден.

Слични содржини