Вкупно 4.870 возила контролирани од страна на полицијата во тетовско

од desk4

Во текот на месец ноември во поширокото тетовско подрачје биле контролирани вкупно 4.870 возила од страна на полиција, при што биле откриени 1.725 сообраќајни недостатоци, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

– Откриените технички и други прекршоци санкционирани се со 623 прекршочни, 710 мандатни платни налози и со 370 писмени опомени. Покрај тоа за сторени посериозни прекршоци времено биле одземени 15 возачки, 38 сообраќајни дозволи, 34 регистерски таблици, а од сообраќај биле исклучени 204 возила, рече Јосифовски.

Поради неправилно, односно непрописно паркирање биле санкционирани и подигнати 203 возила. Полицијата регистрирала и 180 случаи на управување без положен возачки испит, како и 154 случаи на управување со автомобил со истечена регистрација.

– Бројките на откриените прекршоци од овој вид и карактер бележат нагорна линија споредено со лани и покрај бројните превентивно-контролни активности реализирани од СВР Тетово токму на тој план. Минатиот месец откриени се и 46 технички неисправни возила, четири возила со претовар, седум возачи со несоодветна категорија, шест со важечка забрана за управување и еден алкохолизиран возач, изјави Јосифовски.

Слични содржини