Направете вкусна салата со кисело млеко и краставица, која ќе ве освежи и подобри здравјето.

Ashampoo_Snap_2015.08.09_17h40m34s_026_

Потребно ви е:

  • 400ml кисело млеко
  • 4 краставици
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • ½ лимон
  • Сол, бибер
  • Малку копар, по желба

1. Краставиците изрендајте ги и оставете ги малку да отстојат.

2. Добро исцедете ги, додајте го ситно сечканиот лук и копар доколку сакате, маслиновото масло и лимоновиот сок.

3. На крај измешајте го цврстиот јогурт и оставете ја салатата во фрижидер неколку часа за вкусовите да се соединат.

Слични содржини