Влада многу сериозно пристапи во справувањето со катастрофалните поплави, реагира МЗШВ

од Vladimir Zorba

wurtysdfhsfdghdfg

Коалиционата Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, многу сериозно и одговорно пристапи во справувањето со минатомесечните катастрофални поплави во скопскиот регион, реагира Министерството за земјоделство  на изјава и обвинувањата  на Татјана Прентовиќ од СДСМ искажани на денешната прес конференција.

„Владата секојдневно заседаваше со цел да изнајде решенија за воспоставување и нормализирање на условите за живеење во поплавените населени места. Во тој правец со ребалансот на Буџетот се издвоени 35 милиони евра за санирање на последиците по што наскоро ќе почне обештетувањето, не само во земјоделството, туку и за сите штети направени од поплавите.
Комисиите од министерството за земјоделство во најкус можен рок ги подготвија извештаите за проценка на штети и наскоро секој земјоделец ќе биде 100% обештетен.
Уште еднаш ќе повториме дека состојбата на системот „Скопско поле“ не е причина за поплавата во скопското подрачје. Ободниот канал секоја година се чисти на најкритичните делници така што капацитетот за прифаќање на надворешните води во нормални прилики е сосема доволен. Но, при вакви катастрофални поплави, како што беа минатиот месец, ободниот канал од системот Скопско поле и да имаше и 4 пати поголем капацитет и да бил во идеална состојба, не би можел да ги прифати водите од интензивните врнежи и наглото надоаѓање на водата.
Во однос на пошумувањето сакаме да информираме јавноста дека во околината на Скопје од 2006-та до 2015-та година ЈП „Македонски шуми“ изврши редовно пошумување од 163 хектари, а во акцијата „Денот на дрвото“, граѓанска иницијатива и акција која СДСМ не ја прифаќа и ја одбива, се пошумени 840 хектари. Лани во околината на село Брњарци се пошумени 36 хектари или се засадени 77.000 садници, а за оваа година во планот за пошумување е предвидено целото подрачје“, стои во реакцијата

Слични содржини