Влада: Надлежните министерства да издвојат предмети поврзани со корупција, кои ќе бидат доставени до ЕК

од desk4

Министерствата надлежни за политиките и за борбата против корупцијата да издвојат предмети, кои се однесуваат на корупцијата, перењето пари, организираниот криминал, кои потоа ќе бидат доставени до телата на Европската комија.

Ова задолжение денеска им го даде Владата на денешната седница, на предлог на Секретаријатот за европски прашања.

Откако овие предмети ќе бидат доставени до телата на ЕК ќе почне постапката за евалуација на системот за справување со корупција и организиран криминал на Република Македонија.

Секретаријатот за европски прашања на денешната владина седница пред министрите ја достави информацијата, со која се иницира потпишување на Спогодба за финансирање помеѓу ЕК и владите на Македонија и Албанија за Акциската програма за прекугранична соработка.

Владата донесе одлука и за преговори за склучување на Протокол со косовската Влада за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе.

Слични содржини