190
Сите членови на Управните и Надзорните одбори се разрешени на денешната седница на Владата, потврдија за НОВА ТВ претставници од Владата.
Нашите извори во владата, велат дека до ова решение е дојдено затоа што членовите на одборите правеле многу голема штета.
Се обидувале да носат незаконски одлуки и да склучуваат менаџерски договори кои потоа не можат да се раскинат./НОВАТВ