Владата бара Македонска пошта да ги намали непродуктивни трошоци

од desk2

АД за поштенски сообраќај-Македонска Пошта Скопје треба да подготви програма за намалување на непродуктивни трошоци и во рок од два месеца да ја достави до Владата.

Тоа е одлучено на вчерашната владина седница, на која се дискутирало и се усвоени Извештајот за финансиското работење на ЈП МЖ Инфраструктура, како и годишната сметка т.е Финансискиот извештај и Извештајот за работењето за 2016 година на АД за поштенски сообраќај-Македонска Пошта Скопје.

Со владина одлука ги одобрила годишните сметки за финансиското работење на двете јавни претпријатија и нивниот финансиски извештај, соопшти владината служба за информирање. Владата го разгледала и финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта за периодот јануари – март годинава.

На ЈПДП, со одлука на Владата, му е наложено да одреди надзорен орган и рокови во кои ќе изврши надзор над извршените работи од градежните компании, се вели во соопштението.

Слични содржини