Владата денеска ќе објави колку изнесува државната помош за странските инвеститори

од desk2

Владата денеска ќе го објави податокот колку изнесува државната помош за странските инвеститори за последните десет години.

Од владиниот прес-центар информираат дека, тема на прес-конференцијата која ќе се одржи во 10 часот ќе биде презентација на „Анализата на трошоците – наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија период (2007 – 2017 )“.

Анализата е направена по декласификација на договорите потпишани од поранешната влада.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев кажа дека ќе биде објавена вкупната сума на државната помош за странските компании, за да се заштитат деловните договори на инвеститорите.

Слични содржини