Владата го прислушувала поранешниот шеф на кампања на Трамп?

од desk2

Истражувачите во американската влада го прислушувале Пол Манафорт, поранешниот шеф на изборната кампања на Доналд Трамп, пишуваат американските медиуми.

Во меѓувреме, во американскиот Конгрес одложено е сведочењето на адвокатот на Трамп, Мајкл Коен, кој беше вклучен во преговорите да се изгради кула Трамп во Москва, додека самиот Доналд Трамп, за време на минатогодишната претседателска изборна кампања тврдеше дека нема никаков бизнис во Русија, пишува „Гласот на Америка“.

„Немам претпријатија во Русија, не сум земал кредит од Русија, немам никакви бизнис или други врски со Русија, ниту должам пари на Русија, ниту го познавам Путин. Немам баш никаква врска со Русија“, рече тогаш тој.

Коен требаше денеска да излезе пред одборот за објаснување активности кој спроведува истрага за евентуални врски меѓу своевремено изборниот штаб на Доналд Трамп и Кремљ.

Беше предвидено Коен покрај останатото, да одговори на прашањето дали Трамп ја зборувал вистината за време на кампањата. Меѓутоа, разговорот зад затворени врати одненадеж е одложен, затоа што Коен на медиумите однапред им подели соопштение во кое остро демантира дека тој или Трамп воопшто „шурувале со руската страна“.

Коен, нешто порано пред Конгресот пласираше потпишано, необврзувачко писмо за намери дека една руска компанија греади облакодер во Москва, што на Трамп треба да му обезбеди почетна исплата од четири милиони долари. Посредникот во таа работа беше рускиот државјанин Феликс Сатер, кој во еден меил упатен до Коен алудирајќи на Трамп напиша: „Нашето момче би можело да стане претседател. За тоа би можел да го придобијат тимот на Путин“.

По тој повод се огласи сенаторот Марк Ворнер: „Ако е им се верува на извештаите на Коен, и настојувањата за изградба на кула во Москва, тоа за мене се релевантни информации. Ја следиме секоја врска со Русија.“

Уште не е познато кога Конгресот ќе ги изврши разговорите со Коен, а весникот „New York Times“, во понеделникот објави дека Пол Манафорт, поранешниот шеф на изборна кампања на Трамп, е известен од специјалниот истражител Роберт Малер, дека против него ќе биде подигнато обвинение.

Американските истражители го прислушкувале Малафорт, по таен судски налог во очи и по претседателските избори во 2016 година. Федералните агенти ја пребараа куќата на Манафорт во јули во Вирџинија.

Манафорт стана шеф на изборната кампања на Трамп во јуни 2016 година, но беше принуден да поднесе оставка по два месеци поради наводите дека е во бизнис односи со поранешниот лидер на Украина, Виктор Јануковиќ, кого го поддржува Кремљ.

Адвокатот на Манафорт и Белата куќа за сега не одговотија на прашањата за коментар за последните наводи поврзани со него.

Зборови кои не се пронајдени во базата:
Јануковиќ, Акое, Малафорт, Рудија, Сатер, абјаснување, американксиот, греади, одговотија, придобијам, приприслушкувале, посмо, сптоведува, специјалниотистражител, шурувале, Малер,

Слични содржини