Владата го усвои Предлог-законот за амнестија – ќе оди во редовна постапка

од desk3

 Владата на  седница, го разгледа и усвои Предлог-законот за амнестија и им препорача на Министерството за правда и на службите во Владата да ги обезбедат условите за увид во предлог текстот на законот до засегнатите министерства, како и до пошироката јавност.

Владата донесе одлука усвојувањето на законот да оди во редовна постапка. Согласно предвидената процедура за усвојување на законите во редовна постапка, текстот на предлог-законот ќе биде поставен на увид на јавноста во Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија и на тој начин до него ќе имаат пристап експертите од стручната јавност, од граѓанскиот сектор, како и сите други засегнати страни.

Предлог-законот на ЕНЕР ќе биде достапен 20 дена, согласно одлуката на Владата на РМ, која на една од претходните седници го зголеми бројот на денови за јавна расправа на законите што се донесуваат во редовна постапка.

Слични содржини