Владата ќе побара од АЕК да ја запре изградбата на „Панорамско тркало“

од Vladimir Zorba
Панорамското тркало треба да престане да се гради. Владата очекува дека Агенцијата за електронски комуникации – финансиер на овој скап проект треба да го запре финасирањето. Од владата за ТВ24 велат:
„Очекуваме дека Агенцијата за Електронски Комуникации (АЕК) ќе престане да ја финансира оваа непродуктивна и непотребна градба, а вишокот на средства кои ги остварува да ги прераспредели во рамките на АЕК и тие средства да се искористат за граѓаните на Македонија да добијат засилен мониторинг за услугите кои ги добиваат од Телекомските оператори“.
Во меѓувреме градежните работници непрестано работат на терен.
Според Мартин Пановски – претседателот на асоцијацијата на архитекти за панорамското тркало освен високата сума на пари која ќе се потроши вели дека и естетски нема да изгледа убаво.
„Трошењето на пари е една страна, а целата натисканост на Вардар што на река со широкои корито, го прават ова смешно.“ – вели Мартин Пановски – Претседател на Асоцијација на архитекти на РМ.
Дел од граѓаните смеаат дека  ваквите прокети, во услови на економска неизвесност и кога голем дел од нив се борат за егзистенција – се непрoдуктивни.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини