Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули најави формирање на Работна група за следење на состојбата со амбиенталниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Ваквата одлука на Владата доаѓа откако 13 невладини еколошки организиации побараа итни мерки за чист воздух.

За таа цел Владата планира измени во законската регулатива, со што ќе се овозможи спроведување на десетици мерки за заштита на воздухот и почвата.

Државниот инспекторат за животна средина излезе со информации околу решавањето на проблемот со депонијата на линдан во кругот на фабриката „ОХИС“ во Скопје. Наредниот месец ќе започнат детални истражувања за утврдување на загадувањето на почвата, водата и воздухот со линдан во околината на хемискиот комбинат.

-Во најскоро време ќе започне ремедијација на помалата депонија, за што се обезбедени средства. За главниот проблем со големата депонија на линдан ќе мора да се пронајдат дополнителни средства. За таа цел Инспекторат за животна средина препорачува дека прво треба да се изведе преодно решение со посебна гумирана текстилна покривка, со што ќе се заштити воздухот од загадување, смета Државниот инспекторат за животна средина.

 

За преземање на итни мерки за заштитата на воздухот и околната животна срединаво Скопје денеска ќе се организира пчротестен марш од седиштетот на владата до населбата Карпош 3. Протестот го организираат „О2 Коалицијата за чист воздух“ и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

 

Слични содржини