Владата на Макрон ја тресат скандали: Двајца министри поднесоа оставки – причини злоупотреби

од Vladimir Zorba

Двајца француски министри блиски до новиот француски претседател Емануел Макрон остануваат надвор oд идниот владин кабинет.

Тоа се министерот за вооружените сили Силви Гулар, која сам поднесе оставка и посака да не биде вклучен во новиот кабинет и министерот за просторно планирање Ришар Фернан.

Причините се, вкупно, кажано злоупотреби, пишува “Монитор”. Всушност како што е по закон, премиерот Едуар Филип, беше именуван повторно од Макрон откако стана претседател во мај и му ја врачи оставката на шефот на државата само ден откако завршија парламентарните избори.

Тоа сепак беше само процедурален чекор и веднаш Макрон повторно го именува Филип за мандатар да состави нова влада до средата вечер. Таму сепак, во новата влада, нема да учествува Силви Гулар и тоа по сопствена желба.

Официјално Гулар објави дека се повлекува за да покаже “добра волја” во прелиминарната истрага против нејзината центристичка партија Демократско движење (Модем), која е сојузник на Макрон за фиктивно назначување на соработници во Европскиот парламент.

Таа стана министер на вооружените сили пред малку повеќе од еден месец, по инаугурацијата на новиот француски претседател. Ришар Феран – веќе поранешниот министер за просторно планирање, е поранешен социјалист, кој стана еден од раните поддржувачи на Макрон во битката за претседателската функција.

Против него сепак исто така има обвинение – и тоа за незаконско финансирање, за кое веќе е започна истрага. Феран тврди дека не извршил ништо лошо. Според изворот близок до претседателството, тој сепак се согласил да се повлече од функцијата доброволно.

По повод аферата околу Ришар Феран Франс прес пак истакнува дека тој нема да биде во составот на кабинетот, бидејќи Макрон му предложил да ја предводи парламентарната група на Република напред во Националното собрание и Феран прифатил. Во овој дух е изјава на Феран дека одлуката на Макрон да го извади од Владата, за да ја предводи парламентарната група на владејачката партија, е “стратегиско”, пренесе Ројтерс.

Феран, кој беше десна рака на Макрон за време на претседателската кампања, одби да одговори на прашањето дали претседателот го испратил во “глува линија”. Француските медиуми наведуваат дека пред земјата има огромен приоритет кој треба да решава новата влада и тоа е безбедноста. Една од неговите први мерки беше создавање на специјална антитерористичка единица при Елисејската палата, а кај едно од своите први патувања во странство Макрон ги посети француските војници во Мали.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колон соопшти дека во среда ќе го претстави на Министерскиот совет закон за продолжување на вонредната состојба, почнувајќи од 15 јули оваа година, до 1 ноември оваа година.

Франција е во состојба на вонредна состојба од нападите на 13 ноември 2015 година во Париз, во кои загинаа 130 лица. Од јануари 2015 до моментов при напади во Франција, особено против сили на редот, загинале 239 лица.

Слични содржини