Владата разреши и именуваше нови директори и функционери

од Vladimir Zorba

  На вчерашната владина седница беа именувани неколку директори на јавни државни претпријатија и институции и избрани членови на управни и надзорни одбори.

Владата вчера ги прифати оставките на Виктор Мизо, директор на Дирекцијата на технолошки индустриски развојни зони, како и на Цветко Грозданов, генералниот директор на АД за стопанисување со станбен простор и деловен простор.

“Разрешени се Муедин Кахвеџи, директор на Педагошка Служба, Весна Хорватовиќ од должноста директор на Бирото за развој на образованието, Костадин Богданов од должноста директор – владин агент на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, орган во состав на Министерство за правда, на негово барање. За вршител на должноста директор – владин агент на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, орган во состав на Министерство за правда на предлог на министерот за правда, е именувана Драгица Џонова.

За директорка на ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, избрана д-р Елена Јованова-Грујовска, научен советник.

За членови на НО на Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје, именувани се Никола Поповски, Веланд Рамадани и Кирил Колемишевски и Софче Јовановска, согласно член 17 став 4 од Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, а по добиена согласност од гувернерот на Народната банка”, соопшти утринава владата.

Нема се уште официјална потврда но неофицијално Игор Милев ќе биде нов директор на Царината, а Зоран Георгиев директор на „Македонски шуми“.

Србинот Александар Обрадовиќ, кој од неодамна има македонски пасош, не поминал за директор на ЕЛЕМ.

Горјан Тозија е главен кандидат за директорската функција на Агенцијата за филм.

Претходно Владата разреши околу 1.500 членови на управни и надзорни одбори на јавни претпријатија и институции.

Владата вчера го укина Законот за национален уметник, закон кој што, според владата “предизвикува нерамноправен односи и третман на уметниците во Македонија”.

По скратена постапка усвоен е Предлогот за измени и дополнувања на Законот за културата, соопшти владата. Според владата цел на овие измени да се заштити “буџетот од штетните менаџерски договори на раководни лица во културни институции. Според информацијата споделена на владината седница, штетите по буџетот на Република Македонија, по однос на постоечките менаџерски договори, според досегашните увиди, се во милијарди денари”.

Владата предлага измена на Законот за употреба на македонскиот јазик со што “се враќа постапката за стекнување лиценца за лектори, прекината во 2013 година”.

Слични содржини