Владата денеска ја ја повлече одлуката за избор на Соња Минкова за директорската функција во ФЗО. Причинатаза повлекувањето била тоа што таа немала доволно стаж (6 години) за да биде избрана на првата функција во фондот.

MIN

За в.д. директор е поставена Кристина Христова, која досега беше директор на Секторот за фармација во Фондот.

Превидот е констатиран пред да се потпише одлуката и истата да се објави во службен весник така што не се предизвикани правни последици – изјави за МИА портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Владиниот портпарол информира и дека истовремено Владата одлучила да биде распишан јавен повик за пријавување на интерес за ангажирање на позицијата директор на ФЗО, кој ќе биде објавен во сабота на 28 февруари и ќе трае до 15 март годинава.

Кристина Христова е вработена во ФЗОМ од 2007 година, а на позицијата директор на сектор е од 2010 година.

Претходно, Владата го именуваше и Орхан Рамадани за в.д директор на Фондот за здравствено осигурување.

Слични содржини