Владата денеска се задолжи со скоро 25 милиони евра од домашните кредитори, што е  за 10 милиони евра повеќе од првично најавената сума. Операцијата ја спроведе преку четири аукции на државни хартии од вредност со рок на доспевање од 1, 10 и 15 години, односно дел од парите ќе треба да се вратат во 2030 година.

114330

Ако се анализира јавниот долг на државата токму внатрешното задолжување бележи зголемување. Според последните податоци заклучно со март државата кон домашните кредитори должи 1,2 милијарди евра. Темпото на внатрешно задолжување почнува да се зголемува по 2011, година кога внатрешниот јавен долг беше двојно помал и изнесуваше нешто повеќе од пола милијарда евра.Задолжување од домашните кредитори преку државни обврзници со продолжена рочност за финасирање на буџетски потреби државата го најави во фискалната стратегија за 2014-2016.

„Посебен акцент ќе се стави на продолжување на рочноста на постојаното портфолио на државните хартии од вредност кое се состои од 2, 3 и 5 годишни државни обврзници, со издавање на 7 и 10 годишни државни обврзници“, пишува во фискалната стратегија 2014-2016.

Според календарот на Министерството за финансии, државата до крајот на третиот квартал, од почетокот на јули заклучно со септември има закажано девет задолжувања. Во истот период на кредиторите  ќе треба да врати 96,3 милиони евра.

Според нивото на јавниот долг Македонија е умерено задолжена земја, но според учеството на надворешниот долг во БДП Македонија е високо задолжена./24Вести

Слични содржини