Владата утре ќе објави „скапи“ мерки против загадувањето, Град Скопје објави препораки

од desk4

Министерот за Екологија, Садула Дураку, за Алсат М изјави дека утре ќе бидат објавени мерките против загадувањето на воздухот.

-Ние како министерство и Влада формиравме работна група, со кои ќе излеземе со мерки. Ќе имаме средба со градоначалниците на Скопје, и со градоначалникот на Град Скопје и ќе ги објавиме сите мерки. Овие мерки се скапи за државата, но има подготвеност од Владата на Република Македонија и Министерството за животна средина. Тие мерки се скапи и треба да бидат предвидени во државниот буџет за да се преземат чекори за тоа како да се намали загадувањето на воздухот, изјави Садула Дураку, министер за животна средина

Град Скопје, во меѓувреме, препорачува граѓаните што помалку да користат возила, да се забрани согорување на отпадот, а исто така најавија построги контроли на инспекторат за екологија.

Слични содржини