Владимир Путин ќе се кандидира за претседател на Русија

од desk2

Владимир Путин објави дека повторно ќе се кандидира за претседател на Русија, на изборите што ќе се одржат наредната година.

Тој го кажа ова во говорот пред работниците во фабриката за автомобили „Волга“ во Нижни Новгород.

„Повторно ќе поднесам кандидатура за претседател на Руската Федерација“, кажа Путин.

Тој се наоѓа на лидерската позиција во Русија од 2000 година, било како претседател, било како премиер.

Руската ТВ новинарка Ксенија Собчак порано изјави дека ќе се кандидира за претседател, но прогнозите се дека лесно ќе ја победи Путин.

Лидерот на опозицијата пак, Алексеј Навални не може да се кандидира затоа што е прогласен за виновен за проневера. Сепак, тој тврди дека политички мотивиран.

Доколку победи на изборите следната година, тоа ќе му овозможи да остане на власт до 2024 година.

Слични содржини