Опозициски пратеник во Грција ги разбранува духовите, кога рече во парламентот денеска дека левото влада има тим кој го подготвува теренот за враќање на драхмата – перспектива која според многумина Грци ќе доведе до хаос, јави Ројтерс.

драхма

Владата на премиерот Алексис Ципрас луто го отфрли тврдењето како “фантазија”.

Се зголемија сепак предупредувањата од европските партнери на Грција дека гласањето со “не” на референдумот во неделата ќе доведе до излегување на Грција од зоната на заедничката европска валута.

Веќе има тим во рамките на кабинетот на премиерот со вработените од Судот на ревизори, кој во моментов работи на драхмата, изјави Харис Теохарис од центристичката опозициска партија “Потами” ) пред парламентот.

Атина и Брисел преговараат и во последен момент Ципрас зборуваше по телефон со Жан-Клод Јункер и Марио Драги

Вие имате план да ни ја вратите на драхмата, изјави Теохарис, кој ја предводеше владината служба за приходи во претходната предводена од конзервативците коалиција.

Ова тврдење уште повеќе го зголеми стравот и несигурноста во Грција, каде што банките се затворени за една недела, а Грците беа ограничени да повлечат до 60 евра на ден по неуспехот на преговорите за продолжување на спасувачката програма.

Премиерот Ципрас изјави дека ќе се стави на референдум спасувачкиот план, кој вклучува дополнителни мерки за штедење во земја која минува низ една од најстрашните економски кризи во модерните времиња, и повика за одговор “не”.

Помалку од 10 часа пред да истече рокот за плаќање на 1,6 милијарди евра на ММФ Владата во Атина направила нов предлог на доверителите, објави “Ројтерс”.

Таа предвидува двегодишна програма заедно со преструктуирање на обврските, објави кабинетот на премиерот Алексис Ципрас. Нема сепак детали за големината на бараниот пакет и под кои услови Грција би го прифатила.

“Грчката влада денеска предложи двегодишен договор со Европскиот механизам за стабилност (ESM), преку кое целосно ќе ги покрие финансиските потреби и паралелно со тоа да се преструктуираат долговите. Грцие останува на преговарачка маса”, се вели во официјалното соопштение. Текстот додава дека Атина секогаш ќе бара “одржливо решение за останување во еврозоната”.

Министерот за финансии, Јанис Варуфакис денес потврди уште еднаш дека Грција нема намера да направи плаќање кон фондот.

Не е јасно како ќе реагираат доверителите од ЕЦБ, ЕУ и ММФ, но веднаш се прави впечаток дека од планот на Атина отсуствува Меѓународниот монетарен фонд.

Освен тоа очигледно Грците не нудат продолжување на досегашната програма, која истекува денес на полноќ, а предвидуваат сосема нов план.
Во парламентот втор министер за труд Димитрис Стратулис обвини Теохарис дека се обидува да “тероризира” гласачите. Освен дека ова е еден фантастичен сценарио, изјавата на г-дин Теохарис е врв на неодговорноста, срамота, изјави владин портпарол.

Слични содржини