Четирите политички партии се договорија за преостанатите обвинители од тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева, јавуваат македонските медиуми. Партиите потписнички на договорот од Пржино ќе испратат писмо до Советот за јавни обвинители, кое ќе биде потпишано од претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА и ќе побараат Советот в понеделник да ги избере останатите седуммина обвинители од предлогот на Јанева, по што тие треба истиот ден да дадат заклетва, пишува Радио Слободна Европа.

4A6F7AAB-2649-445E-B230-9E718C80878B_w640_r1_s

Специјалната обвинителка Катица Јанева потврдува дека се точни информациите оти одредени лица се подготвени да бидат соработници на правдата, т.н. заштитени сведоци.

Такво писмо со потписи од претставниците на партиите ќе биде испратено и до Уставниот суд за тој што побрзо да се изјасни дали Законот за специјалното обвинителство е уставен.

Писмата со нивни потписи прво ќе одат до министерот за правда Аднан Јашари, кој треба да ги препрати до Советот на јавни обвинители и до Уставниот суд, за да се испочитува процедурата, односно да не испадне дека партиите се мешаат во работата на другите институции.

Советот на јавни обвинители претходно избра само седум од14 кандидати што ги предложи Јанева за во нејзиниот тим. СДСМ соопшти дека нема да продолжи со преговорите во работните групи сè додека не се испочитува договореното.

Во меѓувреме, за информативниот портал Призма, специјалната обвинителка Катица Јанева потврдува дека се точни информациите оти одредени лица се подготвени да бидат соработници на правдата, т.н.заштитени сведоци, за содржините што произлегуваат од следењето на комуникациите.

Дел од аналитичарите коментираа дека владата се плаши од специјалната обвинителка и затоа на сите начини, преку нивните инсталации во другите институции, ќе се обидува на секој можен начин да ја опструира нејзината работа. Оваа претпоставка се потврди уште во синќешното интервку на премиеорт Никола Груевски кој ја почна кампањата против Јанева со пораката дека се сомнева во нејзината незавсност и дека ќе работи законски. Тој вешто го подметна следното:

– Загрижуваат две работи, а тоа се едната што Јанева ги повика обвинителите што се избрани да не дадат заклетва и тоа загрижува од аспект што сите знаеме дека давањето заклетва е законска обврска и кога првиот човек на една таква институција ќе ги повика своите соработници да не дадат заклетва, односно со други зборови да не го почитуваат законот, тоа загрижува бидејќи сите ние очекуваме дека тоа е личност која ќе ги почитува најмнјогу законите, за после да може на другите да им каже дали ги почитувале или не законите, рече премиерот и додаде дека тоа значи дека загриженоста и резервите доаѓаат од аспект дали можеби станува збор за личност  која недоволно ќе ги почитува законите во иднина.

Втора загриженост, смета премиерот, е фактот што Јанева во еден ден даде изјава дека ќе работи со седум обвинители, дека нема да застане и ќе продолжи со работа, додека другиот ден комплетно ја смени својата одлука и кажа дека нема да работи со седум обвинители додека не и бидат избрани сите 14. – Тоа значи дека во меѓувреме некој и дејствувал на нејзиното мислење и оттука се создава резервата или прашањето за независноста, во смисла дали независно ги носи одлуките, истакна премиерот.ijalkov500

Груевски вели дека не се плаши,  ама  манипулира во изјавата и си остава простор  за идната ПР кампања дека таа може да работи незаконски,  и немала да биде независна . Груевски не кажува пред јавноста дека Катица Јанева прво рече дека заклетва ќе дадат кога ќе бидат избрани сите обвинители а не само половина кои се по „кејф“ на обвинителството, „неподобните“ не поминаа, и дека со тоа Тие кои не го испочитуваа законот за немешање во работата на специјалната обвинителка и тие се тие кои го кршат законот

И второ Јанева ги прифати овие 7 и рече дека е сигурна кога ќе треба  и ќе се доизберат и другите кои ги бара, а сигурноста је влечеше токму од договорот кој го потпиша повторно Груевски во кој тој ветува дека е согласен да не го преполовува и селективно да не ги избира договореното од  работите во преговарачкиот процес на договорот од Пржино, и дека се што ќе се договори , се ќе се примени и спроведе, а а сега испаѓа дека тоа се  кочи и одоговлекува.И сега прашањето за независноста кое нема врска со никој друг освен со гаранторите на договорот кои инсиситираат на спроведувањето, а тоа се ЕУ, САД и конкретно еврокомесарот Јоханес Хан.

Слични содржини