Имаше голем интерес кај инвеститорите токму за оваа обврзница , но поради деструкцијата на опозицијата процесот на нејзиното издавање е одложен . Сепак издавањето ќе се одржи , но репутацијата на државата е доведена во прашање, вели вицепремиерот Владимир Пешевски во изјава за Канал 5 .

pesevski1

Заборавете ја ЕУ која даваше ! Белгија размислува за одземање на соц. помош за граѓани на унијата…

“Со тоа писмо се нанесува голема штета на Република Македонија, бидејќи еврообврзницата се издаваше за период од две години, значи не требаше сите средства да се употребат само за оваа година, туку и за следната. Со ова се нанесува огромна штета на репутацијата на Република Македонија бидејќи и покрај тоа што не постоeја правни пречки за издавање на еврообврзницата сепак инвеститорите и советници, сите вакви написи ги следат со крајно внимание и ќе биде потребно сега да бидат дополнително уверени дека не постојат пречки за нејзино издавање” -изјави Пешевски.

Слични содржини