Властите во Атина го осудија екстремизмот на грчката црква кон Македонија

од Vladimir Zorba

Црквата се меша со дипломатските прашања на земјата, а во исто време не сака државата да се меша во црковните работи. Црквата мора да одговори дали тоа оди рака под рака со Златна зора / екстремна националистичка партија. Ако не е така, кажете ни како да преговараме со Скопје. Ова се само дел од прашањата кои се поставуваат од грчкото Министерство за надворешни работи, објавени во  весникот “Катимерини”, по повод последната одлука на Светиот синод на Православната Црква на Елада / ПЦЕ / во однос на преговорите за решавање на спорот за името на Република Македонија.

Црквата се огласи против употребата на терминот Македонија во името на Република Македонија. Катимерини ги објави позициите на МНР во 5 точки. Статијата со наслов “Отворениот фронт на црквата за името” се појави само неколку часа откако Грчката православна црква ја рашири својата официјална порака.

Евеги тие  пет точки:
1. Дали раководството на црквата одлучи да оди заедно со неонацистичките структури на Златна
зора?
2. Дали Црквата отворено одлучи да се меша во политиката на нашата земја? Таа ги преминала
границите на своите овластувања. Црквата може треба да ни каже какво име сака, па така владата може да
преговара со Скопје.
3. Црквата дури и не побара од владата да добие информации за преговорите.

4. Црквата се меша во државните и дипломатските работи за сериозни национални прашања на
нашата надворешна политика, а во исто време не сака државата да се меша во нејзините работи.
5. Црквата треба да биде многу внимателна и да се фокусира на националниот интерес, а не на
личните интереси на архиереите.
Пред Катимерини, претставник на Светиот Синод на Грчката Православна Црква рече дека “црквата не се меша во политиката, туку има право да го има своето мислење слушајќи ја агонијата на грчкиот народ”.

Сепак Грчката православна црква,  е против најавените протестите во Солун,  иако не се согласува Македонија да биде содржано во името, бидејќи така ќе било составен дел и од називот на македонската црква.

– Не можеме да прифатиме друга црква да го носи името Македонија, освен митрополиите во Македонија кои припаѓаат на грчката автокефална црква. Ова е нашата загриженост и ова го доставивме до одговорните и надлежни власти, рече митрополитот Доротеос за ТВ Скај.

Претставникот на Светиот Синод препорачува властите во Атина да му се обратат на чело на Грчката Православна Црква, на Вселенскиот Патријарх во Истанбул, кои најдобро ги познаваат прашањата поврзани со црквата во Скопје

Слични содржини