Властите во Австралија сакаат да бидат водечки извозници на канабис

од desk2

Австралиската влада сака да биде водечки светски извозник на медицински канабис, пренесоа локалните медиуми.

Државата планира да ги промени регулативите, за да и се придружи на Канада и на Холандија во продавање производи надвор од домашниот пазар.

Слични планови најавија и Уругвај и Израел.

Министерот за здравство во Австралија Грег Хант изјави дека ваков потег на власта ќе им помогне и на локалните пациенти.

Австралија ја легализираше употребата на канабис во медицински цели во 2016 година, додека рекреативното консумирање марихуана се уште е противзаконско.

„Нашата цел е јасна, а тоа е на австралиските производители да им дадеме најдобро што можеме за да станеме водечки светски извозник на медицински канабис“, вели Хант.

Тој додаде дека ваквата промена ќе ја стимулира локалната индустрија и дека ќе им користи како на пациентите, така и на компаниите во Австралија, пренесе BBC.

Сојузната американска држава Калифорнија порано оваа недела стана најголема сојузна држава во САД која го легализира рекреативното користење марихуана.

Слични содржини