Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.

маглапа

На патниот правец Дреново-Прилеп на 1,5км после бензинската, има нанос од кал на дел од едната коловозна лента,во должина од 5метри за што е поставена содветна сигнализација

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Магла со видливост до 100 метри има во Охрид.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

 

РАБОТИ НА ПАТ:

Од Геинг известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за Изградба и инсталација на електронски систем за наплатни станици во Македонија, на патниот правец А1, на делницата Скопје-Велес во зоната на лирата на наплатната станица Отовица, од 26.02.2015 ќе се започне со геодетско снимање и геотехнички истражни работи, за кое ќе се воведе времена измена на режим на сообраќај.

Ќе се поставува соодветна вертикална сигнализација за времен режим на сообраќај за работа на пат, согласно издаденото Одобрение од Министерството за транспорт и врски и изработениот Основен сообраќаен проект.

Времетраењето на времената измена ќе отпочне од 26.02.2015 и ќе трае до 05.03.2015.

Работите ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај ќе биде поставена 24 часа на траса.

 

  • Од ГЕИНГ изевстуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за изградба на инсталација на електронски систем за наплатни станици во Македонија, на патниот правец А1, делница Скопје – Велес во зоната на лирата на наплатната станица Петровец (во двата правци), од 23.02.2015 започнати се геодетско снимање и геотехнички истражни работи, за што е воведена времена измена на режим на сообраќај. Поставена е соодветна вертикална сигнаизација за работа на пат. Активностите ќе траат до 28.02.2015 и ќе се изведуваат во текот на денот од 07:00 до 17:00 часот, додека сообраќајната сигнализација ќе биде поставена 24 часа на трасата.

 

  • Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, од 12.01.2015 год. започнати се активности на патот, односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи и истите се очекува да бидат со времетраење од 5 месеци (до 12.06.2015 год.). Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот.

 

  • На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник продолжуваат градежните работи. Препорачуваме повнимателно возење поради присуство на механизација и работници, а при асфалтирање можни се повремени затворања на патот.

 

  • Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

 

  • Според известувањето од IRD Engineering од 10-ти февруари 2015 година, започнуваат работи на мостот A1-69L, на автопатот А1 (Е75), делница Велес-Катланово, на стационажа 63 + 556, вклучувајќи и должина од околу 250 метри пред и по 250 мостот. Сообраќајот се одвива по една лента и возачите се молат да внимаваат на ново поставената сигнализација. Планирано е работите да траат 3,5 месеци.

 

  • Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
    – од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
    – и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
    Учесниците во сообраќајот треба да се придржувааат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.

 

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

ВРЕМЕНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ:  На 19.12.2014 година стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува од 19.12.2014 година до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот.

Се молат сите учесници кои управуват тешки товарни возила да се придржуват на поставената сообраќајна сигнализација.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ИНФОРМАЦИЈА: Потсетување за сите возачи на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2015 година.

Слични содржини