Вљубени: Хоакин Феникс и Руни Мара – актерите се нов жежок пар на Холивуд

од Vladimir Zorba

Хоакин Феникс и Руни Мара се заљубиле на сетот на вториот заеднички филм – библиската драма “Марија Магдалена”, која се снимаше кон крајот на минатата година во Италија.
Според последните гласини во Холивуд двајцата актери се неразделни во последните месеци.
42-годишниот Хоакин е познат во светот на филмот како чуден и осамен човек, а неодамна тој самиот изјави дека со 31-годишната сестра на Кејт Мара се само добри пријатели.
Блиски пријатели на двојката откриваат дека, сепак, Феникс и Мара ја пропуштиле церемонијата на доделувањето “Златен глобус” пред неколку дена, за да поминат време заедно на одмор во пустината.
Поинтересното е тоа дека двајцата се познаваат уште од 2013-та, кога беа фотографирани заедно за филмот “Her”.
Пред да се вљуби во Хоакин, Руни имаше 6-годишна врска со режисерот Чарли Мекдауел.
Феникс пак неодамна изјави во интервју дека никогаш не страдал од скршено срце.

Тој рече: “Никогаш не сум имал врска која ќе ме натера да се чувствувам скршено срце или употребен. Знам што е невозвратена љубов, но дефинитивно не сум разбрал уште што е скршено срце.

Слични содржини