ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение во врска со реакцијата на СДСМ за прес-конференцијата на Драги Димитриевски.

„Зоран Заев јавно пред цела македонска јавност најави дека нема да има субвенции за оние земјоделци кои нема да остварат поголемо производство од минатата година.

Заев исто така јавно кажа дека ќе се стопира субвенционирањето на одредени култури, потег кој ќе донесе целосно исчезнување на тие култури од македонските полиња.

Според тоа Заев ќе ги крати субвенциите на земјоделците кои макотрпно работат преку целата година, а нема да имаат раст на производство заради временските неприлики.

Со ваквите чекори владата на СДС го згаснува земјоделското производство кај помалите земјоделци кои егзистираат од него и ги остава без основна егзистенција илјадниците семејства чија единствена дејност е земјоделието.

Земјоделците се уверија дека Заев не го интересираат земјоделците и дека животот кој го ветуваше во предизборието сега откако дојде на власт се претвора во смрт за македонското земјоделие“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини