ВМРО-ДПМНЕ: Ајде да ги расчистиме дилемите на предвремени парламентарни избори

од Vladimir Zorba

Во врска со анкетата која што „Телма“ ја објави во соработка со „М-Проспект“ и МЦМС, ВМРО-ДПМНЕ сака да го повика СДСМ и Зоран Заев да се охрабрат и да излезат и на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе кажат што мислат за расипничкото и неодговорно владеење на СДСМ, се вели во реакцијата на опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека само на тој начин ќе се расчистат дилемите, бидејќи, според партијата, денеска била објавена истата анкета која пред „само еден месец покажала сосема други резултати“.

 „Според анкетата од крајот на јули резултатите од МЦМС покажале дека ВМРО-ДПМНЕ e со стабилна предност пред СДСМ. Имено, на прашањето доколку утре се одржат избори за која партија би гласале, 27,1 отсто од испитаниците се одлучиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ биле 22,7 отсто. Народот најдобро ќе каже дали се случило нешто во последните 30 дена за така драстично да се смени мислењето, односно дали Законот за двојазичност, Договорот со Бугарија, укинувањето на планираното покачување на пензиите или тендерите кои Кочо Анѓушев си ги дели на себе придонеле за зголемување на рејтингот на Зоран Заев“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини