ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за пукањето на струмичката полиција врз невооружени момчиња

од desk2

ВМРО-ДПМНЕ му порача на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дека залудно бега и се крие зад, како што велат од партијата, бледите партиски соопштенија. Тие обвинуваат дека струмичката полиција пукала во две млади момчиња кои не биле вооружени.

„Јавноста чека одговор од Оливер Спасовски и неговиот началник на струмичката полиција кој без никакво работно искуство беше поставен таму. Време е Оливер Спасовски и Танчо Пројковски да си поднесат оставки, бидејќи одговорност треба да има и ќе има. Сето што се случува во државата е резултат на хаосот и бруталноста која ја спроведува раководството на СДС“ обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат, дека во рок од 2 месеци, СДСМ поделиле 500 решенија, деградирајќи професионалци, и незаконски унапредувале партиски војници. На незаконското работење на Спасовски мора да му се стави крај пред да се предизвикаат посериозни последици, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини