ВМРО-ДПМНЕ: Дали Грција го награди Анѓушев за лицитирањето со ново име?

од desk2

Мошне симптоматично е што истовремено додека засилено се одвиваат преговори помеѓу Грција и Република Македонија, во услови кога Заев е убеден дека ќе го реши името, вицепремиерот Кочо Анѓушев лицитира со имиња на државата а потоа ја продава неговата фирма на грчкото електростопанство, порача Христијан Делев на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

– Целата јавност беше сведок дека Анѓушев од позицијата вицепремиер срамно лицитираше со имиња за Република Македонија и кажа дека за него е прифатливо промена на името на државата. Тој дури и нафрлаше и имиња Горна, Северна и Нова Македонија, кои како што кажа за него се прифатливи. Набргу по ваквата изјава на вицепремиерот Анѓушев следеше информација дека грчката државна компанија за производство на електрична енергија ќе ја купува ЕДС на Кочо Анѓушев, информација која ја потврдија и од фирмата на вицепремиерот – рече Делев.

Тој побара вицепремиерот да ја открие сумата што ќе ја добие за фирмата.

Слични содржини