ВМРО-ДПМНЕ: Делувањето на СЈО е израз на стравот на СДС дека губи на изборите

од desk2

Секогаш кога на СДС и е потребно дефокусирање на реалните теми и скандали се активира алатката СЈО, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата дадена на обвинителка од СЈО, Ленче Ристовска во врска со случајот „Талир“.

„СЈО покажа дека е продолжена рака на СДС, чија единствена цел е политичка борба со ВМРО-ДПМНЕ. Делувањето на СЈО е израз на стравот на СДС дека губи на изборите и ова е начинот на кој сакаат да го одвлечат вниманието. Нема да успеат затоа што се провидни и затоа што граѓаните ќе го казнат ваквото самоволие“, стои во партиското соопштение.

Ристовска денеска по седницата во Врховниот суд изјави дека со замрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ (седиштето на партијата) би се ставило забрана за раководните лица во партијата да не можат тој имот да го продадат и со тоа да нанесат дополнителна штета на политичката партија.

Седницата беше по повод барањето на СЈО, Врховниот суд да ја прогласи незаконита одлуката на Кривичниот суд со која беше одбиен нивниот предлог за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ во случајот „Талир“.

Слични содржини