ВМРО-ДПМНЕ: Денешниот настап на „Т“ беше за дефокусирање од тиранската платформа

од desk2

Денеска СЈО продолжи со политички прогон против медиуми и новинари кои не се под контрола на Заев и кои од негова страна беа прогласувани за најголеми политички непријатели, шпиони, лажговци и јавно беа навредувани, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод прес-конференцијата на СЈО на која беа презентирани четири нови истраги за затајување данок и за злоупотреба на јавна функција.

Оттаму велат дека СЈО се обидува да ги заплаши и да ги цензурира медиумите кои не работат како што сака Зоран Заев.

„СЈО продолжува директно да го гази основното право на слобода на говор како највисок демократски принцип. СЈО е срам за целиот правосуден систем. Денешниот настап на буквата „Т“ беше целосно во функција на дефокусирање од тиранската платформа која уценетиот Заев ја прифати само за да дојде на власт и да се спаси од одговорност за сторениот криминал,“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини