ВМРО-ДПМНЕ: Досега не се случило образовна институција да остане без струја поради долг

од Vladimir Zorba

Колку и да се обидуваат да бараат алиби, фактите говорат дека досега никогаш не се случило студентските домови или било која друга образовна институција да остане без електрична енергија поради долг кон дистрибутерот. Електрична енергија немало само кога се реализирале градежни интервенции во објектите, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерството за образование и наука.

„Обврските се сервисираа, па така за неколку години се исплатени 66 милиони денари по основ заостанат долг. Дополнително во студентските домови, кои СДС така брзо ги заборави, во време додека ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Владата, беа вложени повеќе од 8,3 милиони евра во изградба на целосно нови сместувачки капацитети и во реконструкција на дел од постојните, во набавка на целосно нов мебел за сите државни студентски домови. Беа набавени и инсталирани нови лифтови во сите објекти, а исто така за прв пат се поставија перални и сушални кои се на располагање бесплатно“, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ако по утрото денот се познава тогаш новата влада на СДС не носи живот, туку носи мрак во Македонија.

Слични содржини