ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла гласините дека ги крие избеганите Грујевски и Бошковски

од Vladimir Zorba
 Се шпекулира и дека ако не се во штабот на ВМРО ДПМНЕи не ја напуштиле земјата, тогаш  можно е да се кријат и по некои манастири, исто како што некои од насилниците за упадот во собранието беа згрижени во еден манастир на МПЦ во западна Македонија.

Во одговор за медиумите, Орце Глигоровски од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека веќе 4-5 часа е во просториите на партијата и оти не ги видел ниту Грујевски ниту Бошковски, пренесе АлсатМ

По вчерашното потврдувње од Врховниот суд на одлуката за притвор, во траење од 30 дена, неофицијални информации говорат дека полицијата во нивните домови не ги пронашла ниту едниот ниту другиот, туку само нивните мобилни телефони за кои нивните сопруги кажале дека ги заборавиле дома. Експертите велат дека е јасно дека намерно се оставени дома за  да не можат преку нив да бидат лоцирани.

Се шпекулира и дека ако не се во штабот на ВМРО ДПМНЕи не ја напуштиле земјата, тогаш  можно е да се кријат и по некои манастири, исто како што некои од насилниците за упадот во собранието беа згрижени во еден манастир на МПЦ во западна Македонија.

Грујовски и Бошковски се во бегство – Алфите не ги пронајдоа дома за да ги однесaт во Шутка во притвор

Двајцата се осомничени во предметите на СЈО „Таргет“ и „Тврдина“, кои се однесуваат на незаконското следење на комуникациите на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на дел од опремата со која било сторено кривичното дело.

Слични содржини